Управата за хидрометоролошки работи со последна информација за невремето кое попладнево ја зафати Македонија.
Интензивна линија на нестабилност во претходните два часа се разви и се прошири од Полошкиот регион на југ се до Пелагонија. Се движи кон север и делумно кон исток. Од појави се забележани пороен дожд, интензивни електрични празнења, како и појава на град во Полошко.
Во моментов дел од нестабилната облачна маса ги зафаќа и западните делови од Скопската Котлина, каде исто така се очекува пороен дожд и грмежи, а краткотрајно се можни и поинтензивни просеци со град и силен ветер.
До крајот на денот нестабилно ќе биде во поголем дел од земјава, наместа процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголемо количество воден талог), електрични празнења, силен ветер и појава на град.