Граѓанската иницијатива „Независни заедно“ најави дека ќе поднесе барање за поништување на изборите во Општина Центар и повторно гласање на сите избирачки места, поради неправилности во изборниот процес.
Кандидатката за градоначалничка на Центар, Билјана Ивановска, изјави дека нивната иницијатива била оштетена бидејќи логото на „Независни заедно“ не било поставено на гласачкото ливче.
„И покрај тоа што немавме финансии, а партиите располагаа со милиони во кампањата, според досегашните резултати ние сме рамо до рамо со нив. За грабежот што ни е направен ќе ги искористиме сите законски алатки за поништување на изборите“, изјави Ивановска.
Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, професорот Горан Марковски, додаде дека резултатите биле очекувани, со оглед на политичката состојба во државата.