Нијагарините водопади и CN кулата во боите на македонското знаме во чест на жртвите од трагедијата во Кочани

Во знак на сочувство и поддршка кон Македонија по трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде загинаа 59 млади луѓе, вечерва Нијагарините водопади и кулата Си-Ен (CN Tower) во Торонто ќе бидат осветлени во црвено и жолто, боите на македонското знаме.

Овој силен гест на солидарност е организиран од македонските активисти во Канада, предводени од Џордан Битове и Македонската дијаспора во Канада.

Нијагарините водопади ќе светнат вечерва во 21:00 часот по локално време (околу 02:00 часот по македонско време), а илјадници посетители ќе имаат можност да бидат сведоци на оваа симболична порака на поддршка, сочувство и поврзаност.

Голем број членови на македонската заедница во Канада се очекува да присуствуваат на местото на настанот, каде ќе се оддаде и тивка почит со свеќи и цвеќе.

Овој чин покажува дека болката од трагедијата ги надмина границите на Македонија и допре до срцата на Македонците ширум светот.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното