Никако не ја пијте: Забрана за користење на водата во Берово!

Агенцијата за храна и ветеринарство донесе решение со кое се забранува користење на водата од беровскиот водовод за пиење и готвење, поради утврдени отстапувања во физичко-хемиската анализа.

Од ЈПКР „Услуга“ информираат дека водата може да се користи само за технички цели, сè додека не се доведе во безбедна состојба и не ги исполни стандардите за пиење.

Во анализата е утврдена зголемена концентрација на манган, што е спротивно на вредностите пропишани со Правилникот за вода за пиење. На претпријатието му е наложено да преземе мерки за пречистување на водата.

Општината апелира до граѓаните да не ја користат водата за пиење додека новите лабораториски анализи не ја потврдат нејзината исправност.