Објавен долгоочекуваниот трејлер за акционата комедија „The Unbearable Weight of Massive Talent“ во која глуми Николас Кејџ.
Во овој филм, Кејџ се игра себеси – актер чија кариера пропаѓа и затоа е принуден да прифати работа од 1.000.000 долари, за да дојде на роденден на богат фан.
Меѓутоа, заплетот настанува кога Кејџ ќе се најде во непријатна ситуација во која, за да се спаси себеси и своите најблиски, мора да стане секој од легендарните ликови што некогаш ги играл.
Критиките засега се доста позитивни.
„Ова изгледа одлично, го сакам Ник“, „Одлична идеја за филм“; „Едвај ја чекам премиерата“, се само дел од реакциите на фановите.
Сепак, актерот призна дека нема да го гледа филмот.
„Никогаш нема да го гледам. Ми рекоа дека е добар филм. Но, едноставно, крајно е лудо да одам во кино и да гледам невротична верзија од мене како играм, полна со вознемиреност“, изјавил актерот еднаш.
Покрај Кејџ, во филмот играат и Педро Паскал, Нил Патрик Харис, Тифани Гедиш и други.
Премиерата на филмот е закажана за 22 април следната година.