Николоски: Народот ни даде огромна доверба, со многу посветеност и напорна работа ќе ја оправдаме

Би сакал да му се заблагодарам на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и иден Претседател на Владата Христијан Мицкоски за укажаната доверба и чест да бидам Заменик Претседател на Владата и Министер за транспорт и врски, напиша на својот фејсбук-профил Александар Николоски.

Тој додаде „да се биде дел од тимот во ВМРО-ДПМНЕ беше огромна чест и одговорност, истото е и за Владата“.

Во продолжение погледнете ја целата објава на кандидатот за министер за транспорт и врски од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното