Македонија

Николов: Во ВМРО-ДПМНЕ не сме антиваксери

ВМРО-ДПМНЕ не ги организираше протестите, ниту поддржува протести, бунтови против вакцинацијата, вели Игор Николов, претседател на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, кој по професија е лекар.

„За жал, и за овој четврт бран чувството и кај мене и кај колегите е дека не гледаме јасно кој е планот. Општото чувство е дека повторно влегуваме во нешто, можеби повеќе спремни од претходно, но не задоволително, заради тоа што чувството на неорганизираност и недобар план и понатаму постои“

вели Николов.

На прашањето што тој би презел кога би бил на местото на министерот за здравство Венко Филипче, Николов вели:

„Како најпрво и најзначајно, требаше да се воспостави контрола на границите, на граничните премини. Во никој случај не смееше да се дозволи луди журки и забави во затворен простор. Можеби, тоа не беше дозволено на хартија, официјално напишано, но сите бевме сведоци. Ние кога сме сведоци дека нешто се случува, не видовме корективна реакција. Овие собирања во затворен простор траеја два и пол месеци, сите бевме свесни дека тоа ќе резултира со некаков исход, но никаква мерка не беше преземена, никаква корективна акција не видовме. Не можеме само да кажеме дека имавме мерки на хартија, но некој не ги спроведувал и не ги контролирал мерките“,

објаснува тој.

Целото интервју може да го погледнете на следниот линк.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни