Николовски за акцијата за запленети возила: Увезувале автомобили без да бидат платени царини

Директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, во денешното гостување во „Дејли Клик“ на ТВ21, ја презентираше акцијата за запленети возила кои нелегално се внесувале во Македонија, без да бидат платени царини. Според Николовски, оваа незаконска активност предизвикала оштета на буџетот на државата во висина од 9 милиони денари. Во рамки на акцијата, поднесени се кривични пријави против оние кои биле одговорни за овие прекршувања, а како резултат на тоа, осум цариници добиле отказни решенија. „На ова поле работевме неколку месеци и успешно ја заврши оваа операција, како што знаете се крена голема врева поради овој случај, како царинска управа дојдовме до случај царински службеници, транспортери и увозници на возила, организирано дејствувале и на начин само својствен за добро организирани групи, успеале половни моторни возила да внесат во Македонија, без да платат царински давачки и нанеле штета на државниот буџет. Зпаленивме 35 моторни возила во вредност од 20 милиони денари, собравме докази дека буџетот бил оштетен во висина од 9 милиони денари. Суштински гледано од аспект на царинска управа, самата кривична пријава која е поднесена до ОЈО ГОК е прва кривична пријава за организиран криминал што Царинска управа ја поднесува. Суштината не е во одземените возила, туку во однос на системските пропусти кои биле работени во царинската управа, без да се плати царински давачки“, рече Николовски.
Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното