Ниш: Во сообраќајна несреќа загинаа три лица, а 22 се повредени

Три лица загинаа, а дваесет и двајца се повредени во сообраќајна несреќа утринава во Ниш.

Директорот за итна помош во Ниш изјави за РТС дека шест лица се посериозно повредени, а 16 лица претрпеле помали повреди, сите медицински услуги и служби за итна помош биле пренесени во блиските болници.

Несреќата се случила утрово во 7.30 часот во близина на местото Доње Меѓурово кај Ниш.

Извор: ТВ21