Ништо од директни преговори меѓу Украина и Русија? Еве што се очекува денеска во Истанбул!

Денеска наместо мировните преговори што требаше да започнат меѓу делегациите на Русија и Украина во турскиот мегалополис во Истанбул ќе се одржат трилатерални средби, изјави синоќа извор од турското Министерство за надворешни работи.

Шефот на турската дипломатија Хакан Фидан синоќа во палатата Долмабахче се сретна со руската делегација предводена од Владимир Медински, советник на претседателот Владимир Путин.

„Средбата е завршена“, соопштија од министерството без да наведат детали.

Но, разговорите меѓу Русите и Украинците не започнаа, а ниту една страна не можеше да потврди дека тие ќе се одржат во петок.

Наместо тоа, според турското министерство, ќе има „уште една серија состаноци во различни формати“.

„Трилатералните преговори меѓу САД, Украина и Турција“ од една страна и меѓу „Руската Федерација, Украина и Турција“ од друга страна се на дневен ред, вели изворот.

„Не е сигурно дека состанокот ќе се одржи во четирилатерален формат (САД, Русија, Украина, Турција)“, се вели во соопштението.

Во четвртокот, украинскиот претседател Володимир Зеленски имаше долга средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Анкара и изрази надеж дека разговорите со руската страна ќе започнат во четврток.

Американскиот државен секретар Марко Рубио најави средба со украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиг и средба на „низок американски функционер“ со руски претставници.

Рубио изрази надеж дека Турција, земјата домаќин, ќе ги собере и украинската и руската делегација.

Но, во четвртокот тој рече дека „искрено кажано“ „нема големи очекувања“ од разговорите меѓу руската и украинската делегација.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното