Во нашава земја има пациенти кои веќе 42 години чекаат за трансплантација на бубрег. Кирил имал среќа. Една година бил на дијализа а потоа добил бубрег. Тој веќе 4 години живее со трансплантиран бубрег добиен од починат донатор. Бубрегот одлучиле да му го дадат родителите на починатиот син за да спасат друг живот. Ова е прва трансплантација по 3 години со која се спасени 2 животи.
Од Здружението за бубрежни болести велат дека бројот на пациенти кои донираат е на многу незадоволително ниво а тоа најмногу го чувствуваат пациентите кои со децении чекаат за трансплантација. Во нашата земја, свесноста за донирање органи е многу ниска вели Душко од ова здружение.
Во нашата земја нема национален регистер за пациенти со трансплантација, некаде околу 150 лица кои се на дијализа чекаат за трансплантација. Што се однесува до регистарот, министерот за здравство, Венко Филипче вели дека истиот ќе биде готов до следниот месец. На Европскиот ден за донирање органи,Министерот вети поквалитетна терапија и подобри услови, како и тоа дека РСМ ќе стане дел од Еуротрансплантант. Ова значи дека органите кои не им одговараат на пациентите кои чекаат трансплантација, можат да искористат орган од друга држава.
До сега кај нас се реализирани 414 трансплантации на бубрег, од кои 45 од починати лица. Оваа година се направени 13 а се очекува бројката до достигне до 20 до крајот на годината, известува Сашо Дохчев, директор на Урологија. Министерството за оваа година има издвоено 6 милиони денари за реализација на програмата за трансплантација. Освен тоа, се подготвува посебна програма за покривање на трошоците на пациентите на дијализа, кои достигаат до 7 милиони денари, вели Венко Филипче.