Адвокатот на Ламбе Алабаковски во разговор за БТВ Бугарија вели дека Алабаковски не се оправдува ниту самиот за сторената постапка.
„Ниту јас ниту тој самиот се оправдува, меѓутоа тоа било момент на негова слабост, момент кога тој сметал дека така треба да изреагира“, изјави Драга Георгиев, адвокат на Ламбе Алабаковски.
Палењето на културниот дом во Битола од страна на Ламбе Алабаковски не е провокација за бугарскиот народ и држава. Ова за bTV го изјави адвокатот на приведениот пејач Драган Георгиев.
Според Георгиев, неговиот клиент сторил кривично дело, а не политичко.
Според адвокатот, Бугарите треба да се срамат од личност како Иван Михаилов, а името на центарот е провокација за Македонците.
Георгиев тврди дека неговиот клиент протестирал и поради тоа што неговиот дедо бил застрелан од Бугари за време на Втората светска војна.
Никој намерно не го натерал Алабаковски да го запали центарот, убеден е адвокатот.