Македонија

Ниту вечерва Собранието нема да го изгласа новиот министер за локална самоуправа

Ниту вечерва Собранието нема да го изгласа новиот министер за локална самоуправа

Ниту вечерва Собранието нема да го изгласа новиот министер за локална самоуправа, Ристо Пенов.

На дневен ред на седницата беше уште од вчера, но поради технички проблеми седницата воопшто не започна.

Денеска седницата само што започна, од ВМРО-ДПМНЕ побараа пауза бидејќи преносот на јавниот сервис бил без тон.

Вечерва седницата конечно продолжи, но како што дознава 4NEWS.mk нема да се гласа за избор на нов министер за локална самоуправа откако сам се повлече Горан Милевски од функцијата.

Собраниската сала е речиси празна. Тие кои се присутни дебатираат за устаните измени.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни