Македонија

Низ Охрид се трага по 32 годишен маж – го напуштил кампот, па татко му на плажа пронашол дел од алишта, телефон и чамец

Низ Охрид се трага по 32 годишен маж – го напуштил кампот, па татко му на плажа пронашол дел од алишта, телефон и чамец
Полиција во Охридското езеро / Фото: 4news.mk

На 14.09.2026 година во 18.10 часот во СВР Охрид, З.С. од Скопје, пријави дека неговиот син Б.С.(32) од Скопје, со кого престојувал во автокамп во Охрид  го напуштил кампот по што, на плажата пронашол дел од  неговите алишта, мобилен телефон и гумен чамец.  

Веднаш по добивањето на пријавата,  полициски екипи од езерската полиција и од СВР Охрид  заедно со членови на спасителската планинарска служба и на нуркачки тим од нуркачкиот клуб „Охрид“, вршат пребарување во езерските води и на копно со цел негово пронаоѓање и расчистување на настанот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни