Вицепремиерот и министер за земјоделство, шумарство и рибарство е снимен како пука неколку истрели од пиштол низ отворен прозорец на автомобилот во населено место.
Имено, снимката вчера беше објавена во јавноста.
„Само за брат ми Марио“, вели Дабро, држејќи пиштол во раката, а потоа се врти и пука неколку куршуми низ прозорецот. Додека Дабро пукал, автомобилот го управувал друго лице.
Јосип Дабро на својот Фејсбук профил објави дека поднесува неотповиклива оставка.
„Ја поднесувам мојата неотповиклива оставка од функцијата министер за земјоделство, шумарство и рибарство од морални причини“, напиша тој во објавата и додаде дека „свесен е дека околностите во кои се наоѓа создаваат дополнителен товар и за Владата и за мојата партија“.
„Со целосно убедување дека ова е најдобрата одлука за општо добро, се повлекувам од функцијата министер за земјоделство, шумарство и рибарство. Ќе останам посветен на мојата професија и ќе придонесувам за заедницата на други начини, надвор од опсегот на оваа функција“, рече Дабро.