Папата Франциско, кој седми ден е во болница, помина мирна ноќ и појадуваше, објави Ватикан во новото соопштение за неговата здравствена состојба.
„Ноќта помина мирно, папата стана и појадуваше“, соопшти Ватикан.
Папата Франциско има билатерална пневмонија, објави во вторникот Ватикан, што го комплицира лекувањето на 88-годишниот понтиф и покажува дополнително влошување на неговата кревка здравствена состојба.
Ватикан вчера соопшти дека папата Франциско е во стабилна состојба и дека има „благо подобрување“ на резултатите од неодамнешните анализи на крвта.
Фрања се лекува во римската болница Ѓемели, каде што беше примен на 14 февруари по неколкудневно отежнато дишење.
Сите јавни ангажмани на папата се откажани до недела. Нема дополнителни официјални настани во објавениот календар на Ватикан.