Дарлин Блунт, свршеница на полубратот на Меган Маркл, е уапсена во Орегон поради пријава за семејно насилство, а била ослободена со кауција.
Скандалот се случил кратко откако беше објавено дека Меган сама ќе отпатува во Америка за да ги посети семејството и пријателите. Медиумите шпекулираат дека таа ќе го искористи патувањето за да ги смири семејните несогласувања, да го посети татко ѝ и да им објасни на сите од нејзиното окружување какво однесување сега се очекува од нив.
Терминот на нејзиното патување не е познат, но се шпекулира дека би можело да биде на крајот на оваа недела. Засега само е сигурно дека таа ќе се види со мајка ѝ, со која последен пат се видоа на нејзината свадба со принцот Хари во мај.