Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска информира дека во периодот од 28 март до 3 април е регистриран нов случај на голема кашлица во Куманово, кај дете на возраст од 10 до 14 години кое не било вакцинирано со вакцина што содржи компонента на пертусис. Пациентот не е хоспитализиран.
Станува збор за еден нов случај повеќе во споредба со претходниот седумдневен период, кога не беа пријавени новозаболени.
Од почетокот на епидемиолошката сезона 2024/2025 досега, вкупно 1.186 лица се заразиле со голема кашлица во земјава.
Највисока инциденца на заболени се регистрира во:
Кратово: 265,1 заболени на 100.000 жители
Скопје: 137,2 на 100.000
Куманово: 103,3 на 100.000
Од Институтот потсетуваат дека епидемијата на територија на град Скопје сè уште е активна и апелираат за зголемена внимателност и навремена вакцинација како клучна превентивна мерка.