Нов сообраќаен знак на француските патишта: Знаете ли што значи?

Новиот сообраќаен знак веќе е поставен во некои од најголемите француски градови како Лион, Стразбур и Гренобл, а казната за непочитување е 135 евра, пренесува Нова.рс.

Во Франција почнаа да поставуваат нов сообраќаен знак покрај патот, а наједноставниот начин да се опише е како бел ромб на сина позадина, пишува Нова.рс.

Како функционира овој сообраќаен знак? Тој посочува дека коловозната лента е резервирана исклучиво за одредени учесници во сообраќајот.

Значи, тоа вклучува возила за споделување на возење, електрични возила, такси и автобуси. Знакот беше воведен по официјален декрет во август 2020 година, а сега се појави на автопатите и патиштата со повеќе ленти во една насока. Може да се активира само во одредено време, односно се вклучува на дигиталните екрани, кога има периоди на сообраќаен метеж.

Како што информираат од Ревија ХАК, досега новиот сообраќаен знак е веќе поставен во Лион, Гренобл и Стразбур. Во иднина ќе се користи низ цела Франција. Доколку не го почитувате овој знак, казната може да биде и до 135 евра.