Нов стечај за АД за градежништво „Маврово“

Основниот граѓански суд Скопје на 14 мај по службена должност отвори стечајна постапка против „Акционерско друштво за градежништво Маврово Скопје“. Решението, кое беше внесено во Централниот регистар вчера го именуваше Томе Петров за стечаен управник, дознава 4NEWS.mk

Ова е втора отварање на стечајна постапка за „Маврово Скопје“. Првиот пат судот го отвори стечајниот процес на 10 јули 2009 година, поради наталожени долгови и неможност на компанијата да ги сервисира обврските кон доверителите.

Во март 2009 година работниците од „Маврово“ најавија предупредувачки штрајк поради неплатени плати и придонеси, откако сопственикот – хрватската „Ингра“ – не им ги исплати обврските

Со новата стечајна постапка се отвора пат за реализација на процедурите за наплата на побарувањата на доверителите и евентуална ликвидација на преостанатите средства.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното