Во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје денеска се одржа свечена заклетва на 29-тата класа питомци и слушатели од Курсот за офицери и штабни службеници.
Заклетва положија вкупно 59 кандидати, од кои 31 питомец и 28 слушатели.
Покрај домашните кандидати, дел од оваа класа на Воената академија ќе бидат и пет питомци од Босна и Херцеговина и двајца од Црна Гора.
На свеченоста присуствуваше државниот и воен врв, вклучително и претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Силјановска – Давкова, и министерот за одбрана, Владо Мисајловски.
На настанот присуствуваа и деканот на Академијата, полковник проф. д-р Ненад Танески, како и високи претставници од Армијата, дипломатскиот кор и роднини на питомците.