Нова несреќа на „Партизанска“: Возило удри 12-годишно девојче, возачот приведен

Денеска (21.03.2025) полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Х.Х.(39) од с.Крушопек, скопско, затоа што околу 14.30 часот на бул. “Партизански одреди” во Скопје, наспроти пазарот Ѓорче Петров, управувајќи патничко возило “голф” со скопски регистарски таблички, удрил во 12-годишна малолетничка-пешак од Скопје.

Со возило на Итна медицинска помош малолетничката е пренесена во комплекс клиники “Мајка Тереза” каде и била укажана лекарска помош и констатирани тешки телесни повреди.

Извршен е увид од СВР Скопје, а возачот е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена пријава по итна постапка.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното