Нова несреќа во Скопје – прегазил пешак, па избегал!

Денеска (31.01.2025) во 13.54 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Кузман Јосифоски-Питу“ во Скопје патничко возило „цитроен“ удрило во машко лице, по што го напуштило местото на настанот.

Повредениот пешак е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Полициски службеници од СВР Скопје преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и расчистување на настанот, информираат од МВР.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното