Нова песна и спот од „Модус Бенд“: Слушнете ја „Џабе бараш утеха“

„МОДУС БЕНД“ го имаат рецептот за летен хит што освојува на прво слушање. Нивната нова песна, „Џабе бараш утеха“, веќе се издвојува благодарение на моќниот вокал на Гоце Бошкоски – Чоки.

Зад музиката стои целиот бенд, аранжманот е заедничко дело со Славко Ристески, додека текстот го напиша Огнен Неделковски.

Визуелната приказна е заокружена со видео спот во режија на Виктор Апостолоски, снимен на атрактивните локации во Крани и „Бар Сончев брег“ покрај Преспанското Езеро. Во реализацијата учествуваа и Софија Стојановска (придружен вокал) и Мартина Станчева (актерка во спотот). Подгответе се да ја слушате насекаде ова лето!

Новиот летен сингл на „МОДУС БЕНД“, насловен „Џабе бараш утеха“, е комплетен музички проект кој ветува дека ќе биде хит на сите радио станици и забави.