Нова рација во ноќен бар во Желино, приведени пет девојки и газдата

Во периодот од 23.00 часот на 05.08.2018 до 03.00 часот на 06.08.2018 година полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово, извршиле акциска контрола во угостителски објект во село Желино, сопственост на Ј.Ф. (41) од село Желино.

При контролата во објектот биле затекнати пет женски лица од кои три странски државјанки (две од Република Албанија и една од Косово) и две македонски државјанки.

Сопственикот на објектот и лицата биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното