Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп изјави дека ќе го следи неговиот долгонајавен план за масовна депортација, без оглед на цената.
Во интервју за мрежата NBC News, тој рече: „Тоа не е прашање на цена. Не е. Навистина, немаме избор. Кога луѓето убиваа и масакрираа, кога нарко босовите уништуваа земји и сега тие ќе се вратат во тие земји затоа што не остануваат тука. Тоа нема цена“.
Според конзервативна проценка на Американскиот совет за имиграција, трошокот за неговиот план изнесува 315 милијарди долари.
Тој рече дека добил мандат „да го врати здравиот разум во земјата“.
Точниот број на недокументирани имигранти во САД не е познат, но вршителот на должноста директор на ICE, Патрик Џеј Лехлајтнер, во јули изјави за NBC News дека масовните депортации би претставувале огромен логистички и финансиски предизвик. Двајца поранешни функционери од администрацијата на Трамп, вклучени во имиграциските политики во првиот мандат, изјавија дека таквите напори би барале координација меѓу повеќе федерални агенции, вклучувајќи го Министерството за правда и Пентагон.