Новак едвај чека да го облече дресот на Србија

Пред почетокот на завршниот Мастерс во Торино, Новак Ѓоковиќ им се обрати на навивачите, но не по повод тој турнир туку по повод Дејвис купот. Српскиот ас уште еднаш сакаше да нагласи дека му е чест што игра за репрезентацијата и потсети на 2010 година кога Србија го освои единствениот трофеј во тоа натпреварување.

Новак Ѓоковиќ во поголемиот дел од сезоната истакна дека Дејвис купот е една од неговите примарни цели. Репрезентацијата успеа да се пласира во четвртфиналето, а мислите на српскиот ас се веќе во Малага, пренесува Спутник.

„Возбуден сум што ќе бидам дел од српската репрезентација на Ф8 Дејвис купот во Малага. Осум од најдобрите светски тимови ќе се борат за најпрестижниот тимски трофеј во нашиот спорт. Со нетрпение очекувам да го. Секогаш е голема чест и привилегија да се претставува Србија на сцената, по голема цена во Дејвис купот. Еднаш победивме во 2010 година и тоа ми е едно од омилените и најубавите спомени од тениските терени. Можам да го споделам со моите пријатели и колеги од репрезентацијата. Навистина се радувам на тоа. Се надевам дека ќе бидам здрав и ќе можам да придонесам за секоја можна победа на мојата земја. Ги повикувам сите да дојдат да не поддржат“, рече Ѓоковиќ.