Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се уште има настапи и шанси да ги подобри своите рекорди, но јасно е дека неговата кариера е во пад и дека секој освоен трофеј е голем успех.
Сепак, Ѓоковиќ не крие дека не се плаши дека еден ден некој ќе го надмине, а пред се го издвојува Шпанецот Карлос Алкараз.
– Луѓето велат дека никој никогаш нема да ми ги собори рекордите, но јас се сомневам. Карлос Алкараз сигурно би можел да го направи тоа еден ден. И Јаник Синер. Ако прават се што е потребно за да го зачуваат телото, се фокусираат на долговечноста, размислуваат долгорочно. Карлос веќе постигна нешто што никој толку млад не го постигнал – изјави Новак Ѓоковиќ во интервју за американскиот магазин „G-Q“.
Овој јануари Алкарас има можност да собори уште еден возрасен рекорд – да стане најмладиот тенисер кој ги освоил сите четири грен слема во кариерата. Нему му недостасува само Австралија опен.
– Затоа верувам дека ги има сите шанси многу брзо да ги заврши сите најголеми титули. Самиот тој во неколку наврати кажа дека сака да испише историја. Тој сака да биде најдобар во историјата. Го почитувам тој менталитет. Мислам дека го има она што е потребно за да има таква кариера. Иако можеби е сè уште рано за него да зборува за историја.
Новак никогаш не се плашеше од помладите од него.
– Секогаш ги пречекував со раширени раце. Димитров, Циципас, Медведева, Рублев, Зверев, Тимо… Секако Алкараз и Синер.