Анастасија и Габриел се првите близнаци за 2020 на Универзитетската клиника за Гинекологија и акушерство. Близнаците се први деца на кои долго чекало ова семејство. Тие се родиле една недела порано и го израдуваа ова семејство на новогодишната ноќ.
И мајката Снежана е во добра здравствена состојба. По полноќ, освен близнаците се родиле и 4 други бебиња.
И на гинекологија Чаир првото бебе е девојче. Се родило во 00:03 во семејството Алиу.
Министерката за труд и социјална работа, Мила Царовска рече дека бидејќи првото бебе е девојче, годината 2020 ќе биде позитивна и со женска енергија.
Градоначалникот на Скопје, Шилегов им честиташе на родителите со надеж дека овие бебиња ќе и донесат двојна среќа на земјава.
Заменик министерот за здравство, Арменд Арслани рече дека МЗ постојано работи на подобрување на условите низ родилиштата во земјава.
„Чинот на раѓање симболизира нов живот, нова инспирација и надеж за посветла иднина. Сакам да им честитам на родителите за новите членови во нивните семејства. МЗ посветено работи на подобрување на состојбата на Гинеколошката клиника но и сите родилишта во земјава“, вели Арменд Арслани Заменик Министер за здравство.
На Универзитетската клиника за Гинекологија и акушерство за прв пат на Нова Година се раѓаат близнаци, рече директорката на оваа клиника, Викторија Јовановска.