Нови детали за пожарот кај Зелено Пазарче – два автомобили меѓу кои еден хибриден опожарени

Во големиот пожар што синоќа избувна околу 23 часот во близина на Зеленото Пазарче во Скопје нема повредени лица. Пожарот започнал од паркиран хибриден автомобил „БМВ Х3“.

Станарите на зградите известиле дека претходно слушнале експлозија. Огнот се проширил и зафатил уште едно возило, „Цитроен Ц4“, како и покрив на маркет сместен на пазарот.

Командирот на Скопската противпожарна бригада, Звонко Томески, изјави дека пријавата за пожар била примена во 23:05 часот.

„Веднаш беа испратени две противпожарни возила од Центар Автокоманда, кои на местото на настанот увидоа дека пожарот се проширил на соседниот објект каде било паркирано второто возило. Потоа беше испратено уште едно противпожарно возило. За среќа, нема повредени лица, а причинета е само материјална штета,“ додаде Томески.

Пожарот е целосно изгаснат, а на местото на настанот се врши увид за утврдување на причините.

Читај и ова:

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.