Нови дојави за поставени бомби во училишта во Тетово

Нови дојави за поставени бомби утринава пристигнале во повеќе основни и средни училишта во Тетово, по што веднаш се преземени безбедносни мерки.

Според информациите надлежните служби постапуваат по пријавите, а учениците и вработените се евакуирани од училишните објекти со цел безбедносна проверка.

Полицијата врши проверки на терен и работи на утврдување на околностите околу дојавите. Повеќе информации се очекуваат по завршување на увидот.