Една новинарка од германската телевизија РТЛ добила отказ откако непрофесионално и несвесно известувала за подрачје погодено од катастрофалните поплави што ја зафатија западна Германија.
Имено, репортерката Сузана Олен направила телевизиски прилог со наслов „Чистење по поплавата: Новинарка на РТЛ помага да се расчисти Бад Мунстерајфел“, но се било во ред се додека не се појавило видео од случаен очевидец.
На ова видео се гледа како новинарката намерно се мачка со кал по лицето и облеката.
Новинарката во моментов е отпуштена, а РТЛ се извини за потезите на својата вработена.
„Пристапот на нашиот репортер е во спротивност со нашите принципи и стандарди. Затоа ја отпуштивме посочената новинарка веднаш штом дознавме што сторила“, се вели во соопштението на телевизијата.
Инаку, во Германија поплавите однесоа 128 животи.
