4NEWS.mk

Новинарот Реџеп Ќамили нападнат во зградата на МРТВ

Ќамили на својот Фејсбук профил објави фотографии со гребаници на телото, што, како што тврди, се последица на нападот.

Како што изјави за МИА, по нападот бил на преглед на Ургентниот центар на скопските клиники.

Не му е позната, вели, причината за нападот.

Случајот, информираше, го пријавил и во полицијата, каде е направен записник.

– Ќе ангажирам адвокат и ќе барам институционална разрешница  – најави Ќамили.

Од уредништвото на вториот програмски сервис на телевизијата не го коментираа инцидентот.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни