Производителот на луксузни телефони повторно го создаде iPhone 13 со неколку интересни карактеристики.
Пред повеќе од една година, производителот Caviar претстави модифицирани верзии на телефонот од серијата iPhone 12, каде беа отстранети сите камери, а истите се наменети за корисниците кои се загрижени за безбедноста.
Сега брендот, познат по производството на луксузни телефони, ја има верзијата 2.0 од овие телефони. Новина е додавањето на оклоп отпорен на куршуми (BR-2 класа 2), кој е создаден од брендот NPO TCIT, специјализиран за оклопни возила и борбени хеликоптери.
Моделите Stealth 2.0 iPhone 13 Pro / Pro Max се промовираат како толку моќни што можат да издржат куршум од пиштол, по што остануваат функционални.