Познато е дека бебињата не можат сами да ја држат главата. За тоа им треба време и вежбање. Бебињата имаат целосна контрола врз држењето на главата од шест месеци, па не е чудно што вистинското изненадување е новороденото момче кое може целосно самостојно да ја држи главата.
Неговата мајка објави видео снимено девет часа по породувањето на TikTok и призна дека и неа ја изненадило: „Родив четири деца, но ова е неверојатно. Никогаш не сум слушнала за новороденче само да ја држи главата“.
Мускулите на новородените бебиња се слаби, а тоа ги вклучува и мускулите на вратот. Тие само стануваат поцврсти и постабилни со текот на времето, така што новородените бебиња треба да бидат поддржани со рацете на вратот и главите.
@nykeacrawley My son at 9 hours old. These pandemic babies built different 🤣❤️
