Свет

Њујорк бара „злобен истребувач на стаорци“, плата до 170.000 долари годишно

Њујорк бара „злобен истребувач на стаорци“, плата до 170.000 долари годишно

Њујорк е во потрага по „злобниот истребувач на стаорци “, пренесува Sky News.

Огласот го објави администрацијата на градоначалникот Ерик Адамс. Понудената плата е од 120.000 до 170.000 долари годишно за позицијата „директор за контрола на глодари “.

Кандидатите мора да живеат во градот и да имаат диплома, како и подготвеност да ја извршат функцијата Catch and Destroy користејќи техники за практично истребување глодари, се вели во огласот за работа.

Идеалниот кандидат мора да биде високо мотивиран и донекаде жеден за крв, решен да ги следи сите видови решенија од различни агли, вклучително и подобрување на оперативната ефикасност, собирање податоци, технолошки иновации, управување со отпад и истребување, се наведува во огласот.

Стаорците со години се проблем  во Њујорк, но во последните 3 години, според градската санитарна служба, тие се зголемиле за 71%. Овие глодари можат да се видат на улиците, во метрото, па дури и во домовите на луѓето.

Градските власти користат сув мраз за да ги задушат стаорците додека се во нивните скривалишта.

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни