Нутриционистка истакнува какви придобивки имаме од конзервираната храна

Конзервираните намирници може да бидат доста хранливи, а ваквата храна е лесна за употреба и при подготовка на оброците

Нутриционистката Лесли Бобо за „Риал симпл“ вели дека таквата храна обично се конзервира веднаш по бербата, па така не губи многу хранливи материи во конзервата, а една од главните придобивки е и долгиот рок на траење.

Еве кои се пет најздрави видови конзервирана храни:

  • Праски

Тие се одлични како додаток во јогурт или во овошни салати, а можат да користат и како замена за шеќерен сируп на палачинки или сладолед.

Препорачливо е да се користат праски од конзерва, ананас или пак портокали, кои се потопени во сопствениот сок, меѓу другото, и за помал внос на шеќер.

  • Црн грав

Конзервираниот црн грав има повеќе од два грама протеини во една чаша, односно 7,5 грама протеини по оброк.

  • Домати

Доматите, обично, се гмечат и конзервираат веднаш по берењето, па затоа се одлични за супа или сосови за тестенини.

Тие содржат разни хранливи материи што се наоѓаат и во свежите домати, како што се витамин Ц и ликопен.

  • Тиква

Секако може да чувате и тиква во конзерва. Пирето од тиква е богато со витамини А и Ц и влакна, и е одлична замена за путер при печење.

  • Лосос

Свежиот лосос, иако е вкусен, обично е скап и брзо се расипува. Конзервираниот лосос не само што трае подолго, туку и ги има истите нутритивни придобивки (на пр. витамините Д и Б-12), како и свежиот лосос.