Поврзи се

Македонија

Обесштетувањето на депонентите од „Еуростандард банка“ почнува на 15 септември

Published

on

Фондот за осигурување депозити ги информира депонентите на „Еуростандард банка” АД во стечај со право на обесштетување дека во вторник, на 15 септември 2020 година, ќе почне исплатата на обесштетувањето на осигурениот износ на нивниот депозит до законски утврдениот максимален износ од 1.850.889 денари.

-Текстот продолжува по рекламата-

Исплатата ќе се извршува преку четири деловни банки.

-Депонентите чие ПРЕЗИМЕ започнува на буквите А, Б, В, Г и Д ќе се исплаќаат во експозитурите на “Комерцијална банка” АД Скопје на целата територија на Република Северна Македонија. Депонентите чие ПРЕЗИМЕ започнува на буквите од Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л и Љ ќе се исплаќаат во експозитурите на “НЛБ Банка” АД Скопје на целата територија на Република Северна Македонија. Депонентите чие ПРЕЗИМЕ започнува на буквите од М, Н, Њ, О, П и Р ќе се исплаќаат во експозитурите на “Стопанска банка” АД Скопје на целата територија на Република Северна Македонија. Депонентите чие ПРЕЗИМЕ започнува на буквите од С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ и Ш ќе се исплаќаат во експозитурите на “Халкбанк” АД Скопје на целата територија на Република Северна Македонија. Депонентите – самостојни вршители на дејност со личен труд кои во „Еуростандард банка“ АД Скопје во стечај биле регистрирани како ТП (трговци поединци) или Адвокат Име Презиме или Извршител Име Презиме или со назив на дејноста, на пример, Месарница, своето обесштетување ќе го подигнат според првата буква од називот, информираат од Фондот.

Loading...

Покрај документ за идентификација (лична карта, пасош) потребно е да се приложи и доказ за регистрација на стопанската дејност (тековна состојба).

-Потврдите за сопственост на депозит ќе се издаваат директно во банките – исплатувачи, кога депонентот ќе дојде во банката да го оствари правото на обесштетување. За да се оствари правото на исплата на обесштетувањето, депонентот мора да ја подигне и потпише Потврдата на шалтер во банката исплатувач каде е распределен за подигнување на средствата, наведува Фондот.

Банките – исплатувачи ќе вршат исплата на средствата само на сопственикот на сметката/законскиот застапник/старател наведен во Потврдата, со приложување на важечки документи за идентификација.

Полномоштвата/овластувањата кои депонентите веќе ги имаат издадено за располагање со средствата на своите полномошници/овластени лица за депозитот во “Еуростандард банка” АД Скопје ќе важат и при исплата на обесштетувањето во банките-исплатувачи и нема потреба да издаваат нови полномоштва/овластувања за оваа намена.

-Во случај на спреченост депонентот лично да го оствари своето право на обесштетување, банките – исплатувачи ќе вршат исплата на средствата и на лице овластено врз основа на полномоштво заверено од нотар. Во случај кога сопственикот на депозитот е починато лице, неговите наследници треба да се обратат во Фондот за осигурување на депозити и да приложат документи за идентификација и наследно решение со цел да се спроведе исплатата на обесштетувањето, објаснуваат од Фондот.

Предмет на обесштетување се главнината на депозитот, договорената пресметана и припишана камата и непристигнатата камата до 12 август 2020 година. Во случај кога депонентот има обврски кон банката, вкупниот износ на депозити на депонентот коишто се предмет на обесштетување се намалува за износот на неговите вкупни обврски кон банката.

Во случај депонентот да има активни блокади евидентирани во Единствениот регистар на трансакциски сметки, банката-исплатувач независно од износот на обесштетување, нема да изврши готoвинска исплата на средствата за обесштетување и ќе отвори трансакциска сметка на име на депонентот на којашто ќе изврши пренос на средствата за обесштетување.

Секој депонент ќе има на располагање 36 месеци, односно три години од денот на почеток на исплатата, за кога ќе биде во можност да го оствари своето право на обесштетување во банките-исплатувачи.

По истекот на овој временски период (3 години), депонентите односно нивните наследници кои од различни причини не можеле да го остварат своето право на обесштетување во банките – исплатувачи, исплатата на обесштетување ќе може да ја остварат преку Фондот за осигурување на депозити кој ќе обезбеди обесштетување независно од тоа кога депонентот ќе достави барање за остварување на своето право на обесштетување. 

.

Извор: ТВ21

Loading...

Совет за етика во медиуми

4NEWS.mk

Нов четврти пакет помош од Владата: 31 мерка во вредност од 470 милиони евра

Македонија

90% од занаетите изумираат, заминуваат во историјата – Мичо, последниот производител на јажиња во Кичево

4NEWS.mk

Физички напад и грабеж во Скопје

Македонија

21 век, а струшки села без вода за пиење – Жителите разочарани: „Полошо може да биде, подобро не“

4NEWS.mk

Речиси еден милион починати од корона вирусот во светот

Македонија

Кичевци протестираа со возила против поскапувањето на струјата

4NEWS.mk

Струмичките археолози трагаат по изгубените средновековни населби

Македонија

Што прави градоначалникот на Бутел? – Многу вети, а сите работи заглавија!

4NEWS.mk

Задоволни ли се синдикатите и бизнис заедницата од новите мерки за помош?

Македонија

Нови 470 милиони евра за четвртиот пакет – премиерот Заев го претстави новиот пакет со 31 поединечна мерка

Македонија

Се огласија од иницијативниот одбор за вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски е само лош глумец

Македонија

Касами: Приватните компании треба да спроведат двојазичност, бидејќи дел од дипломираните Албанци не говорат добро македонски

4NEWS.mk

Лиза Шаќири до Касами и Груби: Не не омаловажувајте, ретко кој дипломиран Албанец не знае македонски!

Македонија

Димовски: Бугарската нација е 30 години пред македонската, тоа се злоупотребува

Македонија

Над 80 дуќани во ГТЦ затворени – се издаваат без кирија, сметките „изгор“, дел од нив паушални

4NEWS.mk

Хоспитализиран Љубе Бошкоски поради компликации со коронавирусот

4NEWS.mk

Предвреме ќе се исплатат септемвриските пензии

4NEWS.mk

Протест на ВМРО-ДПМНЕ против неправдите, политичкиот реваншизам и политичкото насилство од страна на власта

Македонија

Прегазиле сообраќаец и избегале – двете лица пронајдени и приведени

Македонија

Кротката убавица Бојана, покажа дека е лавица и го победи карциномот

Македонија

Во градскиот парк во Кавадарци од денеска и официјално започна со работа регионален вински музеј

Музика и Филм

Уште една „ приказна“ за сите нас, Васил Гарванлиев ја промовираше новата песна

Музика и Филм

Со ангелски глас и песна во модерен ритам Сања Димова ќе ја освојува домашната сцена

Македонија

Лифтовите потенцијални жаришта на коронавирусот – како да ги направиме безбедни?

Македонија

Венко Филипче тројно погледан на ТВ21 од Канал 5 телевизија

Македонија

Соопштение за мерките на ВРСМ за првата фаза на олабавување на вонредните околности

Македонија

ТВ21 ЕКСКЛУЗИВНО: Потврден говедски коронавирус во Македонија, човек може да го зарази својот миленик, но не и обратно

Музика и Филм

„THE ELEPHANT“ прв македонски краткометражен филм со ирски и старо англиски акцент

Музика и Филм

Македонец во Словенија направи песна репрезент за градот

Македонија

ВИДЕО: Силна експлозија во фабрика во Битола – на терен противпожарни екипи

WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com