ОБЕЗБЕДЕНИ ЗА ЦЕЛ ЖИВОТ! Кога ќе видите колку заработуваат актерите од „ПРИЈАТЕЛИ“ од РЕПРИЗИТЕ на серијата, ќе се зачудите

Серијата „Пријатели“ е еден од најпопуларните ситкоми на сите времиња, а и денес со задоволство се гледа низ целиот свет.

Репризата на оваа реализација им донесе огромен профит на главните ѕвезди Дејвид Швимер (кој го играше Рос Гелер), Џенифер Анистон (која ја играше Рејчел Грин), Лизи Кудроу (која ја играше Фиби Бафет), Метју Пери (кој го играше Чендлер Бинг), Мет Лебланк (ја игра Џои Трибијани) и Кортни Кокс (ја игра Моника Гелер).

Имено, тие од репризата добија само 20 милиони долари. Заслугата е на нивните менаџери, кои дури по снимањето сфатија дека „Пријатели“ ќе биде хит серија, па сите потпишаа договор цо текот на 2002 година со цел да добијат провизија од 2% за репризите.

Да потсетиме, серијата „Пријатели“ се снимаше од 1994 до 2004 година, а во еден период главната серија на овој ситком заработуваше по еден милион долари по епизода.