Предлог одлуката за распишување на референдумот е доставена до собраниската архива.
Предлогот одлуката има 5 члена, во првиот член стои дека реферндумот е за консултирање со граѓаните и во него е наведено и реферндумското прашање „Дали сте за членство во ЕУ и Нато со прифаќање на договорот меѓу Република Македонија и Република Грција“.
За датум на референдумот е предложен 30-ти септември.
Според собраниски извори, седницата најверојатно ќе биде во 15 часот.
На предлогот се потпишале пратениците од СДСМ, ДУИ, ДПА и двете крила на БЕСА, додека нема потпис од пратеници од Алијансата за Албанците кои го подржуваат реферндумското изјаснување.
ВМРО-ДПМНЕ ќе присуствуваат на седницата, но нема да го поддржат предлогот, тврдат за Телма извори од Собранието.