Свет

Објавена снимка од подводен дрон – „Ова е Северен тек, недостигаат 50 метри гасовод“

Објавена снимка од подводен дрон – „Ова е Северен тек, недостигаат 50 метри гасовод“

Најмалку 50 метри гасовод под Балтичкото Море недостасува, објави шведскиот весник „Експресен“ по објавувањето на првата јавна снимка од штетата во септември. Шведската полиција и државното правобранителство се сомневаат дека истекувањето на гас од гасоводите Северен тек 1 и Северен тек 2 на 26 септември е резултат на намерна експлозија и затоа случајот го истражуваат како чин на саботажа.

Видеото снимено од мало подводно возило на далечински управувач или подводен дрон, објавено од Expressen, покажува свиткан метал и изложен цевковод на дното на Балтичкото Море. Делови од тој гасовод имаат прави, остри рабови, додека други се деформирани, според снимката направена на длабочина од околу 80 метри.

Снимката е снимена во понеделникот, соопшти Expressen, а Ројтерс додава дека не може независно да потврди дали снимката навистина го покажува гасоводот Северен тек 1. Шведските безбедносни служби во октомври соопштија дека заплениле материјал од местото на експлозијата за истрага.

Не е познато дали шведските истражители можеле да ја сменат ситуацијата на местото на експлозијата со нивното пристигнување. Шведската морнарица и безбедносната полиција одбија да го коментираат извештајот на Expressen, а крајбрежната стража не беше веднаш достапна за коментар, додаде Ројтерс.

Полицијата во Копенхаген, која ги истражува пукнатините на два гасоводи, во вторникот соопшти дека дупките забележани на данската страна на морската граница во Балтичкото Море се чини дека се предизвикани од „моќни експлозии“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни