Со предвидување на 3 гостински победи и голови во мечевите меѓу Џенова-Парма, Реус Депортиу-Гранада и Академика-Есторилво неделата, типувач од Велес си обезбеди 247 пати поголема добивкаод влогот т.е. со 1 000 денари заработи над 4 000 евра.
Најпрво на мечот меѓу Реус Депортиу и Гранада, гостите славеа со 1-2, токму за комбинираниот знак 2-2&3+а во меѓувреме, Есторил како гостин на Академика, победи со високи 7-2 за погодок и на вториот пар на тикетот.
На крај во Џенова и покрај разиграниот Кжиштоф Пјонтек кој даде гол на почетокот, головите на Ригони, Силјарди и Чераволо од 16-тата до 30-тата минута, доведоа до целосен пресврт и предност на Парма од 3-1 на гости кај Џенова и конечен успех за нив и за типувачот на Спорт Лајф во Велес.
Во февруари годинава пак беа донесени нови правила за кладилниците и коцкарниците во Македонија.
Обложувалниците и казината мора да бидат на растојание од минимум 300 метри од основните и средните училишта. Ова е предвидено со новите измени на Законот за игри на среќа и забавни игри.
Според новите измени, ниту еден автомат клуб или спортска обложувалница не смее да се наоѓа во непосредна близина на училиштата.
Со измените се предвидува да се вратат лиценците за секоја деловна просторија за автомат клубовите а кладилниците ќе можат со 500.000 евра депозит да отворат вкупно 50 уплатни места.
Покрај ова се предвидува и воведување на обврска апаратите во автомат клубовите да не смее да бидат постари од една година, бидејќи Владата утврдила дека кај старите апарати не може да се гарантира исправноста на играта.



