Парискиот обвинител побара денеска поранешниот француски претседател Никола Саркози да биде осуден на седум години затвор за наводно примање пари од либискиот диктатор Моамер Гадафи за финансирање на неговата прва претседателска кампања, пренесува Политико.
Обвинителите го обвинија Саркози и некои од неговите поранешни соработници, вклучително и поранешните министри за внатрешни работи Клод Гуент и Брис Ортефу, како и поранешниот министер за финансии Ерик Ворт, дека склучиле „незамислив, без преседан, непристоен“ договор со Гадафи.
Шест години затвор е побарана за Гуент, три за Ортеф и една година за Ворт, додава Политико.