Обвинителството го соопшти мотивот за убиствата во Прилеп

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп извршил увид во куќа во центарот на Прилеп, каде биле пронајдени безживотните тела на 12-годишно дете и двајца мажи на возраст од 43 и 63 години.

Според првичните сознанија, 63-годишниот маж најпрво го лишил од живот својот внук од сестра и неговиот татко, поради семејни недоразбирања и нерасчистени имотни односи. По двојното убиство, тој ги објавил мотивите за стореното на социјалните мрежи, а потоа си го одзел и сопствениот живот.

Јавниот обвинител наредил обдукција на телата, како и собирање на сите траги, оружје и муниција пронајдени на местото на настанот, кои ќе бидат предмет на вештачење.