Обвинителството испитува дали родителите на Васил Јованов имаат умислена одговорност

Обвинителството со потврда дека истрагата против 20-годишниот Васил Јованов се проширува и ги вклучува и неговите родители. Првиот човек на скопското Обвинителство, Гаврил Бубевски, изјави дека се истражува дали родителите биле инволвирани во давањето на возилото, што довело до предизвикување на општа опасност.

Тој додаде дека се испитува дали постоела умислена одговорност и од страна на родителите.

Бубевски информираше дека надлежен обвинител веќе издал наредба, направен е увид на местото на настанот, а на случајот работат вештаци. Контактирана е и Судска медицина за понатамошни анализи.

„Сопственоста на возилото е на име на таткото. Се дадени наредби за постапување од страна на МВР, а сега се испитува како возилото му било предадено на обвинетиот“, рече Бубевски.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното