По налог на Обвинителството за организиран криминал, МВР влезе во просториите на Фондот за иновации, потврди за „Макфакс“ директорот Јован Деспотовски, кој нагласи дека полицијата одзела документи.
„Дојдоа, проверија, зедоа документи. Тие си ја тераат постапката, не би навлегувал. Ние во понеделникот ги повикавме јавно да постапат, по што постапија”, рече Деспотовски.
Од Обвинителство соопштија дека е предистражна постапка, поради што не можат да даваат повеќе информации.
Претходно, Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал оформи предмет по допрен глас по објавите во медиумите за евентуални злоупотреби при доделување грантови по јавен повик од Фондот за иновации и технолошки развој.