Граѓанската иницијатива „Кој е следен“ јавно им се извинува на сите граѓани што во изминатите 35 години изгради систем кој свирепо ги убива своите деца, ги загадува нашите градови и ја осиромашува нашата држава. Воедно, се извинуваме и за сите системски неправди кои ние сме ги предизвикале од 8 септември 1991 година, па се до денес.
„Целосно го разбираме револтот кон нашата иницијатива поради нашето лошо владеење во изминатите 35 години. Воедно, изразуваме целосна поддршка до сегашните и минатите народни херои кои се спротиставија на најголемиот народен непријател и уништувач на Македонија – „Кој е следен?“.
Во прилог, целосна листа на сите херои кои го бранеа македонскиот систем од злото наречено „Кој е следен?“:
2024 – х – Христијан Мицковски и владата на ВМРО-ДПМНЕ, Влен и ЗНАМ;
2024 – Талат Џафери и техничката влада;
2022-2024 – Димитар Ковачевски и владата на СДСМ и ДУИ;
2020-2022 – Зоран Заев и владата на СДСМ, БЕСА и ДУИ;
2020 – Оливер Спасовски и техничката влада;
2017-2020 – Зоран Заев и владата на СДСМ и ДУИ;
2016-2016 – Емил Димитриев и техничката влада;
2008-2016 – Никола Груевски и владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ;
2006-2008 – Никола Груевски и владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДПА;
2004-2006 – Владо Бучковски и владата на СДСМ и ДУИ;
2004- Хари Костов и владата на СДСМ и ДУИ;
2002-2004 – Бранко Црвенковски и владата на СДСМ и ДУИ;
1998-2002 – Љубчо Георгиевски и владата на ВМРО-ДПМНЕ, ДА и ДПА;
1992-1998 – Бранко Црвенковски и владата на СДСМ и ПДП
Оваа прекрасна листа на луѓе 35 години се бори за поправеден систем во Македонија, а иницијативата „Кој е следен“ 35 години го попречува напредокот на Македонија.
Доколку ги поддржувате горенабројаните народни херои тогаш треба да останете дома и да им помогнете во нивната борба, а доколку сметате дека горенабројаните народни херои не се баш толку праведни како што се претставуваат, тогаш време е за улица, време е за организирање, време е за пркос и отпор“, велат од иницијативата „Кој е следен?“ во објава на фејсбук профилот.