Од болница избега пешакот кој денеска беше удрен од возило во Скопје!

Денеска во 13.54 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Кузман Јосифоски-Питу“ во Скопје патничко возило „цитроен“ удрило во машко лице, по што го напуштило местото на настанот.

Повредениот пешак бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Полициски службеници од СВР Скопје преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и расчистување на настанот“, велат од МВР.

Нова несреќа во Скопје – прегазил пешак, па избегал!

Сепак, како што информира Телма, и пешакот побегнал од болница.

Имено, по укажаната медицинска помош тој си заминал самоиницијативно без дозвола, и без да го информира персоналот.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното