Македонија

Од Брајово писмо до 21 километар: Беира Салифоска ги помести границите на Скопскиот маратон

Од Брајово писмо до 21 километар: Беира Салифоска ги помести границите на Скопскиот маратон

Беира Салифоска (позната како Беки) уште еднаш докажа дека со челична волја, поддршка и истрајност нема недостижни цели. Лицето со целосно оштетен вид од раѓање, заедно со својот асистент, успешно ги истрча сите 21 километар на полумаратонската дистанца во рамки на „Wizz Air Скопскиот маратон“.

Ова е огромен личен подвиг за Беира, која пред неколку години за првпат учествуваше на маратонот на трката од 5 километри, за оваа година да го совлада дури четирипати подолгиот предизвик.

Со честитка се огласија и од нејзиното матично Државно училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ – Скопје:

„21 километар храброст, сила и инспирација! Горди сме на тебе, Беира! Ти си вистинска инспирација и пример за тоа колку значат упорноста и поддршката.“

Покрај спортскиот успех, Беира зад себе има и значаен општествен чекор — таа е првото лице со оштетен вид во Македонија кое одбранило дипломска работа напишана на Брајово писмо. Нејзиниот полумаратон не беше само трка со времето, туку симбол на неограничената човечка волја и доверба.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни