Од денес нови правила за влез во Германија

Министерот за здравство Јенс Шпан информира дека Германците кои се враќаат од летните одмори во странство од денеска ќе се соочат со нови правила за тестирање на ковид-19.

„Сите невакцинирани луѓе што влегуваат во Германија ќе треба да направат тест, без разлика дали пристигнуваат со авион, копно или железница“, истакна Шпан.

Мерката ќе влијае особено на постарите деца, од кои многумина се уште го немаат завршено циклусот на вакцинација.

Од денес, секој на возраст над 12 години ќе мора да може да покаже дека ризикот од пренесување на инфекцијата е низок, а тоа може да го направи – со потврда дека се вакцинирани, дека биле болни или имале негативен тест.

Овие правила се веќе во сила за патниците кои користат авионски сообраќај.

Читај и ова:

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.